Новата финска премиерка, Сана Марин (34), не само што е најмлада на оваа функција во историјата на земјата, таа е и најмлада премиерка на светот. Марин е ѕвезда во подем на политичката сцена во Финска веќе неколку години.
Марин, според она што се пишува за неа, е интересна личност. Таа растела со мајка ѝ и нејзината партнерка во изнајмен стан. Во едно интервју рекла дека како дете се чувствувала невидлива, бидејќи не можела отворено да зборува за своето семејство. Марин никогаш не го запознала својот татко.
Додека била бремена со својата сега двегодишна ќерка на Инстаграм често објавувала фотографии од трудничкиот стомак, а подоцна и снимки од доењето.
Марин должноста ќе ја преземе оваа недела. Таа формира влада составена од пет помали политички партии, на чие чело стојат жени, сите помлади од 35 години, освен една од нив.
FOTO: Instagram/Printskrin