Претставничката на Јамајка Тони Ан-Синг е избрана за „Мис на светот за 2019 година“.
На синоќешната церемонија во Лондон, круната и ја предаде минатогодишната победничка Ванеса Понс од Мексико, јавија британските медиуми.
– Сакам да донесам промена што ќе биде оддржлива. Доколку зборуваме за жените…… тоа мора да биде нешто што ќе ги обезбеди нивните деца и децата на нивните деца да имаат поинаков живот – рече Тони Ан-Синг пред новинарите по освојувањето на титулата најубава жена на светот.
На второ место се пласира Мис на Франција, а трета беше Мис на Индија