Новата кампања за линијата на кармини на модниот бренд „Гучи“ привлече многу внимание на социјалните мрежи.
Во кампањата за линијата од дури 58 нови нијанси на кармини се појавуваат Дани Милер, пејачка на панк бендот „Сурфборт“, како и манекенката Мае Лапрес.
Веднаш откако се појавија првите фотографии од кампањата на Инстаграм, почна дебатата. Додека едни се воодушевени и го поддржуваат уважувањето на различностите од страна на „Гучи“, други сметаат дека кампањата е претерана.
„Ова дефинитивно нема никого да мотивира да го купи тој кармин“, „Подобро би ги потрошила порите на забар отколку на вашиот кармин“, „Промовирате лоша хигиена и лоши здравствени навики, ваквите заби не се само естетски проблем туку и медицински“, „Извини, „Гучи“, но ме уништивте“, „Ме преплашивте“, се бунеле некои.
FOTO: Printskrin/Instagram