Новата година на крајот стаса и во Американска Самоа

231

Жителите на Американска Самоа последни, пред  три часа, влегоа во Новата 2020 година.

Ширум светот Новата година беше дочекана со огномети, прскалки, конфети и музика, иако прославите останаа во сенката на пожарите во Австралија, протестите во Хонг Конг и Индија, како и нуклеарните тензии со Северна Кореја.

Новата година весело беше дочекана и во Бразил, каде околу три милиони луѓе излегоа на плажата Копакабана во Рио Де Женеиро за да го гледаат величествениот огномет кој траеше 14 минути.

Во Јужна Африка се собраа илјадници граѓани во Кејптаун и играа, пееја и гледаа огромен огномет.

Во Обединетите Арапски Емирати Новата година беше дочекана со 10-минутен огномет, а полицијата со цел да ги обезбеди големите гужви, направи шеталиште околу кулата Бурџ Калиф само за мажи за да ги одвои од семејствата и жените.

Индонезија новата 2020 ја дочека со дожд и во страв од ерупција на вулканот Анак Кракатау, кој еруптираше пред Божик 2018 година што предизвика цунами во кое настрадаа 430 лица.

Во Хонолулу на Хаваите Новата година беше дочекана на плажите, иако ветарот предизвикал големи бранови.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...