Новата амбасадорка на САД: Се радувам што ќе ја искусам убавината на Северна Македонија

398

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма нановоименуваната амбасадорка на САД во земјава, а церемонијата утрово се одржа во вилата на Водно.

– Се радувам што ќе ја искусам убавината и различностите на Северна Македонија и што ќе научам повеќе за вашата динамична култура, за традициите и за историјата на вашата земја. Ќе барам можности за споделување на културата на Соединетите Држави и за градење на мостови помеѓу граѓаните на двете земји – рече Брнс.

Во претседателската вила таа рече ека се обврзува оти ќе ги поддржуви напорите на властите во борбата против корупцијата и зајакнувањето на владеењето на правото, дека ќе го унапредува просперитетот преку помошта и партнерството со приватниот сектор и ќе работи на зацврстување на безбедноста.

– Повеќе од 25 години работиме заедно и постигнавме многу во унапредувањето на нашите заеднички цели – да ја видиме Северна Македонија целосно интегрирана во западните институции и целосно посветена на нашите заеднички вредности – демократија, индивидуална слобода, и владеење на правото. Нашите две земји се посилни поради нашата соработка. Нашите војници служат рамо до рамо на бојното поле, исто како што нашите лидери работат заедно на унапредување на нашите цели за безбедна и просперитетна Северна Македонија и Европа. Нашите бизнис лидери работат заедно за да создадат работни места и да ги развијат нашите економии. Нашите професори и студенти соработуваат на иновативни истражувања, а нашите уметници разменуваат идеи и инспирација – рече амбасадорката.

Пендаровски, пак, рече дека верува оти ќе продолжи безрезервната поддршка од САД.

– Очекуваме наскоро да се заврши и процесот на ратификација на Пристапниот протокол, со што Република Северна Македонија ќе се придвижи чекор напред кон полноправно членство во НАТО алијансата. Тоа ќе претставува и дополнителна потврда на заложбите на САД за стабилна, сигурна и просперитетна Северна Македонија. Имајќи го предвид Вашето досегашно дипломатско искуство, уверен сум дека значително ќе придонесете за уште подинамичен развој на нашите меѓусебни односи во што, ве уверувам, ќе ја уживате нашата целосна поддршка, помош и соработка – порача претседателот.

 Тој рече оти се надева во мандатот на БРНС ќе се продлабочува македонско-американското пријателство, со збогатување на билатералната соработка, вклучително и преку интензивирање на економските односи и зголемувањето на американските инвестиции.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...