Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ му честиташе на Доминик Тим за победата во 2.коло на Мастерсот во Лондон. Австриецот го совлада Ѓоковиќ синоќа со 2-1 по голема тричасовна борба.
– Тим заслужено победи. Играше многу храбар тенис и ги погоди речиси сите топки. Тој го одигра целиот натпревар како да е последен поен. Морам да ја симнам капата пред него. Му честитам затоа што тој едноставно одигра одличен натпревар – изјави Ѓоковиќ.
По оваа победа Тим избори полуфинале во Лондон, додека Ѓоковиќ со Федерер ќе се борат за второто место во Б-групата и пласман во следната фаза.
ФОТО: EPA / WILL OLIVER