Нобеловец предлага дополнителен данок на приход за Фејсбук

84

Дополнителен данок на приход од рекламите кои ги пласира Фејсбук би можел да ја натера таа, но и други компании да не бидат вшмукувачи за лични податоци на корисниците, оцени Пол Ромер, добитник на Нобеловата награда за економија.

Тој тврди дека дигиталните платформи можеби и не се толку големи за да пропадна, но се премногу големи за да им се верува.

– И покрај повикот на Марк Закерберг за ново законодавство и регулација, тие можеби се преголеми за да можат да се регулираат – истакна Ромер за Дојче веле.

Тој оценува дека наместо законско ограничување на овие компании, попаметно е да се воведат дополнителни прогресивни даноци на сета заработувачка од реклами кои користат таргетирање. Тоа се рекламите кои на корисниците им се појавуваат врз основа на нивните лични податоци – како на пример кога некој преку пребарувачот Гугл бара половен автомобил, а потоа на Фејсбук му се појавува реклама за половни автомобили.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...