НЛБ Банка воведе нов „Бизнис долгорочен денарски кредит“ за правни лица

336

НЛБ Банка воведе нов продукт за правни лица – Бизнис долгорочен денарски продукт со намалена каматна стапка и без провизија за одобрување во периодот до 30.06.2019 година.

Во промотивниот период сите нови корисници кои ќе аплицираат за Бизнис долгорочен денарски кредит можат да ги искористат следниве поволности: НРКС + 2,2% – 3,35% и без провизија за одобрување за примени апликации до 30.06.2019

Бизнис долгорочен денарски кредит е наменет за сите правни лица кои бележат позитивни финансиски резултати од работењето и имаат потреба за дополнителни средства за инвестиции, трајни обртни средства, рефинансирање на изложеност од друга Банка.

Дополнителни информации можат да се добијат во најблиската експозитура на Банката, на телефон 02/15-600 или на www.nlb.mk

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...