Без успех останале барањата на премиерот Зоран Заев за средба со францискиот претседател Емануел Макрон. Премиерот ова го рече на денешната прес-конференција.
– Барав средба со претседателот Емануел Макрон и преку францускиот амбасадор во земјава Кристијан Тимоние четири месеци, но безуспешно. Секогаш посакувам средба со претседателот на Франција, голема земја и голем пријател на Северна Македонија, верувам дека во иднина ќе имаме можност да разговараме – рече премиерот.
Макрон во вчерашната изјава од Брисел најави дека во идните месеци планира да ги посети Македонија и Албанија и да се сретне со премиерите Зоран Заев и Еди Рама.