Ништо од кондоми и лубриканти за неготинчани, веста била лажна!

1095

Чиста шпекулација и монтажа е соопштението кое се врти по социјалните мрежи, дека на предлог на претседателот на Советот на општина Неготино, Диме Витанов, на тридневната прослава на Свети Трифун и Свети Валентин во општина Неготино ќе се делат кондоми и лубриканти за да се зголеми свеста на граѓаните за безбеден секс.

Ова го тврдат од општинската организација на СДСМ од Неготино, на прашањето на Плусинфо да ја потврдат информацијата дали соопштението со меморандум и со печат на оваа општинска организација и со потпис на Витанов, е веродостојно.

„Во долниот дел доколку зумирате, се гледа каде е сечен листот на фотошоп“, велат од ОО СДСМ Неготино.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...