Нишикори и Надал ќе се соочат во финалето во Монте Карло

129

Јапонскиот тенисер Кеи Нишикори се пласираше во финалето на Мастерсот во Монте Карло, откако го совлада Александер Зверев со 2:1 во сетови (3:6, 6:3, 6:4).

Нишикори, кој е на 36-то место на АТП листата, по два часа и 15 минути игра го победи Зверев, кој се наоѓа на четвртата позиција на листата.

Германскиот тенисер добро го започна натпреварот и со 3:6 го освои првиот сет.

Но, Нишикори се врати во игра и го доби вториот сет со 6:3, а во последниот сет покажа повеќе концентрација во финишот и победи со 6:4.

Јапонскиот тенисер во финалето ќе се соочи со бранителот на титулата Рафаел Надал.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...