Нинџа и Василевски денеска ќе бараат амнестија, рокот истекува утре

1173

Рокот од пет дена за поднесување барање за амнестија за настаните поврзани со 27 април, истекува утре.

Според најавите, денеска барање за амнестија треба да поднесат пратеникот Сашо Василевски и Александар Василевски Нинџа. Очекувањата се дека барања во текот на денешниот и утрешниот ден ќе поднесат најголем дел од обвинетите.

Досега, познато е само дека амнестија поднеле четворица, меѓу кои и пратеникот Крсто Мукоски. Останатите тројца се Никола Митревски Кољо, Младен Додевски и Оливер Радулов.

Судот има рок од пет дена од приемот на барањето да донесе решение дали ќе некого го следува амнестија или не, а за тоа претходно потребно е да прибави и мислење од јавен обвинител.

Дека нема да бараат амнестија, пак, се изјаснија Игор Југ и Јане Ченто. Тие пред судот посочија дека се против селективна амнестија и оти сакаат судот, а не политичките елити, да им судат.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...