Нинџа до Ѓорчев: Ќе се согласите ли дека вашите потпалувачки говори пред ДИК беа само прво полувреме за 27 април?

4430

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев на неговото денешно сведочење во судот за 27 април, доби и неколу прашања од другите обвинети за крвавиот четврток.

– Ќе се согласите ли со мене дека вашите говори пред ДИК кои беа од потпалувачки и патриотски карактер беа само прво полувреме на тоа што се случи на 27 април? – праша Александар Василевски Нинџа.

Уште еден од обвинетите, Влатко Трајковски упати прашање до Ѓорчев што тој како народен пратеник направил за да го спречи насилството во Собранието.

Овие прашања не беа дозволени Ѓорчев да ги одговори по приговор на еден од адвокатите дека не произлегуваат од неговиот исказ во директното испрашување.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...