Нина Ангеловска е избрана за министерка за финансии

Со 61 гласа „за“ и 21 „против“, пратениците го избраа Хисен Џамаили за министер без ресор задолжен за подобрување на инвестициската клима.

827

Собранието попладнево со 64  гласа „за“ и 18 „против ја избра Нина Ангеловска за министер за финансии.

Премиерот Зоран Заев од собраниската говорница ги повика пратениците од опозицијата да гласаат за Ангеловска, бидејќи таа не доаѓа од ниту една политичка партија, туку од стопанството.

Поранешниот собраниски спикер, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, и порача на досегашната менаџерка на „Групер“ да биде внимателна и да не подлегнувате под влијание на функционерите, бидејќи ако дојде до некаква одговорност сите ќе кажат дека секој си одговара за своите постапки.

Нина Ангеловска е родена во Скопје на 13 јули 1988 година. Средно образование завршува во гимназијата „Раде Јовчевски Корчагин“, во 2010 дипломира на универзитетот „Св. Кирил и Медотиј“ – Економски факултет на Департментот Е-бизнис како најдобар студент на генерација со постигнат успех од 9,94. Таа е добитник на Манинговата награда за најдобар студент на полето на економски науки.

За време на студиите таа е ангажирана како демонстратор на Економскиот факултет по неколку предмети, а учествува и на повеќе национални и меѓународни натпревари на кои има овоено едно прво и едно трето место.

Ангеловска магистрира во областа на Е-бизнисот на истиот Универзитет во 2012 година, а наредната ги почнува своите докторски студии. Во 2016 година се стекнува со стручен назив доктор на науки по организациски науки и управување при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“.

Професионалната кариера ја почнува со основање на првиот веб-сајт за групни попусти во Македонија – Групер.мк, веднаш по дипломирањето, со што стекнатото знаење го применува во пракса. Групер, како што стои во биографијата, го раздвижува пазарот на Е-трговија во земјава, доживува огромен успех, станува лидер на пзараот и се здобива со голем број признанија и награди.

Во 2017 година таа иницира основање на првата Асоцијација за е-трговија, а станува и нејзин претседател.

Со 61 гласа „за“ и 21 „против“, пратениците го избраа Хисен Џамаили за министер без ресор задолжен за подобрување на инвестициската клима.

Хисен Џемаили е роден 1976 година и живее во Тетово, каде во 1994 година завршува средно образование во гимназцијата „Кирил Пејчиновиќ“. Во 2000 година се стекнува со диплома професор по географија и историја на Универзитетот „Луиѓ Гуракуќи“ во Скадар, Албанија, а во 2011 година и магистер по Менаџмент на животна средина, на Институтот за животна средина и здравје при Југоисточниот европски универзитет во Тетово. Од 2012 година работи на докторски студии на отсек одржлив развој на Еуропиан Универзитетот во Тирана.

Ток работи како редовен асистен професор на Универзитетот во Тетово, на катедрата по географија од 2012 година.

Од 2013 до 2017 година е претседател на Совет на општина Тетово, а од 2008 до 2011 година е пратеник во Собранието. Од 2007 до 2008 година работи како раководител на Сектор за инспекциски надзор при Комуналниот инспекторат во Општина Тетово.

По изборот на Нина Ангеловска и Хисен Џамаили за нови министри, седницата продолжи со точката за избор на тројца заменици министри што ги предложи премиерот Зоран Заев.

За заменик министер за економија е предложен Кирил Колемишевски, за заменик министер за образование и наука Елизабета Наумовска, а Неџад Мехмедовиќ за заменик министер за политички систем и односи меѓу заедниците.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...