Мет Гала била одржана завчера во присуство на славни личности како Леди Гага, Селин Дион и многу други. Меѓутоа, постои список на славни чие присуство не било посакувано.
На тој настан се собираат најголемите имиња од модата, филмската, музичката и модната индустрија. Листата на гости е импресивна и секоја година се менува, но кој ќе биде поканет одлучува главната уредничка на американското издание на „Вог“, Ана Винтур, која е на чело на Мет Гала од 1995 година, пишува „Мирор“.
Тим Ган, кој е моден советник и водител на шоуто „Проџект ранавеј“, на оваа забава, наводно, не е добредојден уште од 2006 година поради отворената војна со неа.
Во разговор за „Њујорк пост“ еднаш како најнезаборавна работа која ја доживеал во модниот свет го навел настанот кога гледал како Ана Винтур од модна ревија, по скали ја носат двајца телохранители. Наводно, уредничката на „Вог“ барала тој да ја повлече таа изјава, но тој одбил.
Иако е американски претседател, Доналд Трамп повеќе нема право да влегува на Мет Гала. Имено, кога ја прашале Ана Винтур кого никогаш повторно не би поканила, таа без размислување го кажала неговото име.
Џош Хартнет кога бил тинејџерска холивудска ѕвезда рекол дека е многу тешко да влезе на таа забава и покрај огромната популарност која ја ужива.
Канадскиот супермодел Коко Роча во 2017 година повеќе не се појавува на овој настан, и тоа откако Кети Пери била повикана како ко-водител на настанот.
Тие наводно се скарале откако Роча ја обвинила Пери во 2013 дека го имитира нејзиниот стил.
И дизајнерката Ракел Зое повеќе не е на листата на гости поради коментарите кои ги имала на сметка на Винтур во 2007 година. Таа тогаш изјавила дека е повлијателна од уредничката на „Вог“ и тоа и било кобна грешка.
ФОТО: EPA / MICHAEL REYNOLDS