Договорот од Преспа е многу важен чекор за стабилноста на регионот и за односите меѓу двете држави, изјави медијаторот за спорот со името Метју Нимиц за грчката агенција АНА-МПА, по денешната средба со грчкиот заменик-министер за надворешни работи Јоргос Катругалос, јави Гласот на Америка.
– Ако и двете страни имаат потреба од моја помош, Обединетите нации се подготвени да помогнат, како што процесот се предвижува напред – рече Нимиц.
Тој нагласи дека во изминативе месеци бил во контакт со двете страни.