Нимиц: Историскиот договор меѓу двете соседни земји е почеток на нова ера за консолидација на мирот и безбедноста на Балканот

154

Претставникот на ОН, кој посредуваше во спорот за името, Метју Нимиц ја поздрави ратификацијата на Договорот од Преспа во грчкиот Парламент.

-Би сакал да го поздравам визионерскиот чекор на Парламентот и Владата на Грција. Овој историски договор меѓу двете соседни земји ја отвора вратата и им овозможува нови односи на земјите, и истовремено означува почеток на нова ера за консолидација на мирот и безбедноста на Балканот. Со нетрпение го очекувам заокружувањето на процесот во согласност со Договорот и ја повторувам континуираната посветеност на ОН да продолжи да работи со двете страни, посочи Нимиц.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...