Нимиц, Ди Карло, Могерини и Хан ќе сведочат на потпишувањето на договорот за името

Во македонската официјална делегација освен премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров ќе бидат вицепремиерите Бујар Османи, Радмила Шеќеринска и Оливер Спасовски.

809

Метју Нимиц, Розмари Ди Карло, заменичката на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, Федерика Могерини и Јоханес Хан ќе бидат сведоци на потпишувањето на договорот за името.

Потпишувањето ќе се случи утре во  9.30 часот во Преспа на грчка страна меѓу шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција,Никола Димитров и Никос Коѕијас.

Настанот е поделен на два дела, и тоа првиот во Република Грција (потпишување) и вториот во Република Македонија (средба и заеднички ручек).

Во македонската официјална делегација освен премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров ќе бидат вицепремиерите Бујар Османи, Радмила Шеќеринска и Оливер Спасовски.

Законот за ратификација планирано е да помине на Владина седница во понеделник и ќе биде испратен во Собранието.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...