Пејачот Ник Картер побарал забрана за пристап на својот брат, пејачот Арон Картер, поради закани со смрт упатени кон бремената сопруга и нероденото дете на Ник.
Ник е загрижен за своето семјство, бидејќи неговиот брат Арон се заканува дека ќе ја убие неговата бремена сопруга и нероденото дете.
Полицијата брзо реагирала и го одобрила неговото барање, па на Арон Картер му е забрането приближување на Ник и на неговата сопруга. Арон отсега не смее да им пријде поблиску од 30 метри.
„По внимателното разгледување на мојата сестра и мене ни е жал што моравме да побараме забрана за пристап на мојот брат Арон. Во светлината на сè поалармантното однесување на Арон и неговите неодамнешни признанија дека размислува за убиство на мојата бремена сопруга и нероденото дете, нам не ни преостана ништо друго туку да ги преземеме сите можни мерки за да се заштитиме себеси и семејството“, објавил Ник Картер на Твитер.
Ник Картер, поранешен член на светски познатата поп група „Бекстрит бојс“, вели дека се надева дека неговиот брат ќе побара стручна помош, како и дека се надева дека Арон нема да стори ништо лошо.
„Го сакаме нашиот брат и искрено се надеваме дека тој ќе го добие соодветниот третман што му е потребен пред да нанесе каква било штета себеси или на некој друг“, додал Ник.
Арон исто така, се огласил на Твитер, нагласувајќи дека не го видел својот брат четири години и дека нема намера тоа да го промени, дека тој завршил со Ник за цел живот, но ги негирал обвинувањата дека сакал да направи нешто лошо и да повреди некого.
„Зачуден сум од обвиненијата против мене и не сакам на никого да му нанесам зло, а особено не на моето семејство“, напишал Арон и додал:
„Ова е очигледно некаков вид шаховска игра. Сè што барам е семејството да ме остави на мир. Ова е крв. Тоа не е љубов. Никогаш нема да бидам околу тебе и не сакам да бидам околу тебе“, напишал Арон и се заканил со правна постапка против неговиот брат. .
Да потсетиме, Арон неодамна призна јавно дека има шизофренија, но и неколку други психички заболувања.
FOTO: Tviter/Printskrin