Нико Ковач ќе го наследи Јуп Хајнкес во Баерн Минхен

Хрватскиот тренер Нико Ковач ќе го наследи Јуп Хајнкес на клупата во Баерн Минхен по завршувањето на сезоната, објави германскиот весник „Билд“.

142

Хрватскиот тренер Нико Ковач ќе го наследи Јуп Хајнкес на клупата во Баерн Минхен по завршувањето на сезоната, објави германскиот весник „Билд“.

За Ковач, кој во моментот е ангажиран како тренер на Ајнтрахт Франкфурт, клубот од Минхен ќе плати откупна клаузула од 2,2 милиони евра.

Во прилог на ова е и информацијата дека Ковач веќе го известил спортскиот директор на Ајнтрахт дека на крајот на сезоната ќе го напушти клубот.

Ковач од 2001 до 2003 година играше за Баерн Минхен, а пред четири години како селектор ја предводеше хрватската фудбалска репрезентација на Светското првенство во Бразил.

Тој сезонава со Ајнтрахт Франкфурт се најпријатното изненадување во Бундеслигата, бидејќи во моментов се на петтото место со шанси за пласман во Лигата на шампионите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...