Жестоки критики упатени до австриската министерка за надворешни работи Карин Кнеисл, бидејќи пред рускиот претседател Владимир Путин на својата венчавка се поклонила и поради тоа, според критичарите, нанела штета на угледот на земјата.
Путин беше главна ѕвезда на нејзината венчавка, иако не се посебно добри пријатели. Кнеисл одигра танц со Путин и направила длабок „кникс“ односно се поклонила, и ова некои австриски медиуми го оцениле како штетно за Австрија.
– „Кникс“ на крајот на танцот е важен елемент на виенскиот танцувачки бонтон и израз на почитување -објаснил Роман Свабек, сопственик на школа за танц, која изминативе десет години го организира познтиот виенски Опернбал.
– Клекнувањето на министерката пред Путин е срамота – оценил „Дер Стандард“, додавајќи дека министерката ја изгубила веродостојноста поради начинот на кој се однесувала према Владимир Путин.
Vladimir Putin dances with Austrian foreign minister Karin Kneissl at her wedding pic.twitter.com/UkvZDBwiMY
— The Independent (@Independent) August 20, 2018
Russian President Vladimir Putin attended the wedding of the Austrian Foreign Minister Karin Kneissl on Saturday. He was on his way to Germany where he is due to hold talks with Chancellor Angela Merkel.
Read more: https://t.co/q9SlYqzMea pic.twitter.com/UzWkeZfn9N
— euronews (@euronews) August 19, 2018