Никој не сака да работи со Меган Маркл: Како главна советничка ја вработила мајка си!

Сега „главна советничка“ на кралската двојка е мајката на Меган, Дорија Рагланд.

601

Војвотката од Сасекс, Меган Маркл, постојано е на удар на јавноста поради своето однесување и одлуки што не му прилегаат на еден член на кралското семејство. Нејзиниот сопруг, принцот Хари, во сè ја поддржува својата сопруга па поради тоа и тој е сè помалку омилен во јавноста.

Последните месеци се пишуваше дека војвотката отпушта советници, а поради нејзиното однесување и барања, многумина и самите дале отказ. Сега „главна советничка“ на кралската двојка е мајката на Меган, Дорија Рагланд.

За што и да се работи, од послугата до прашања од животот, крајната одлука ја потврдува Дорија. Принцот Хари ја смета за многу мудра жена и исклучително ја почитува како мајка на својата сопруга па без приговор се согласил таа да биде нивен главен советник.

Токму Дорија е одговорна, меѓу другото, и за отпуштањето на едната од трите дадилки на нивниот син, принцот Арчи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...