Никој не може да поверува дека ова е славната холивудска убавица! ФОТО

Познатата убавица денес не личи на себе, а причина се бројните естетски корекции на кои таа се подложила.

1770

Актерката Феј Данавеј, една од легендите на Холивуд, завчера го прослави 79-тиот роденден. Кариерата ја започнала во доцните 60-ти години, а најпозната е по улогата во филмот „Бони и Клајд“.

Улогата на Бони Паркер ѝ ја одбележа кариерата, а пред да добие чест да глуми во филмот, продуцентите размислувале за Шер, Ен-Маргрет, Тјуздеј Велд и Су Лајон за екранизација на тој филм. Данавеј е воедно една од само четирите дами кои во текот на кариерата добиле награда за најдобра и најлоша актерка.

Феј Данавеј доби Оскар за улогата во филмот „Мрежа“, а Златна малина за „Најдрагата мајка“. Освен на Феј, тоа ѝ успеало и на Сандра Булок, Лајза Минели и Хали Бери.

Феј била три пати номинирана за Оскар, а во текот на кариерата заработи и три Златни глобуси за своите телевизиски и филмски улоги. Сопственичка е на БАФТА и Еми награди и е прва добитничка на признанието „Леопард клуб“.

Најпознатата улога која Феј ја одбила е ликот на Сара во „Requiem For A Dream“. Улогата на крајот ја добила Елен Бурстин, која беше наградена и со Оскар за својот труд. Понудена ѝ била и улога во филмот „Џулија“, но и таа улога ја одбила, а Џејн Фонда која глумела наместо неа беше номинирана за Оскар за најдобра женска улога.

Таткото на Феј, Џон Мекдауел Данавеј Јуниор бил воено лице додека таа растела, а тоа резултирало со фактот дека целото детство го поминала селејќи се по САД и Европа.

Што се однесува до љубовниот живот, Феј била два пати во брак, а двата брака траеле помалку од шест години. Нејзиниот прв сопруг бил музичарот Питер Волф, а биле во брак од 1974 до 1979 година. Во 1983 година, Данавеј стапила во брак со британскиот фотограф Тери Онил, а се развеле во 1987 година.

Познатата убавица денес не личи на себе, а причина се бројните естетски корекции на кои таа се подложила.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...