Никој не верува дека се близнаци: Едното дете е бело, другото е црно

Близнаците, вели мајката, веќе се вистински славни лица каде и да се појават.

539

Иако едното дете е бело, а другото црно, тие се – близнаци. Даниел и Дејвид се родени со една минута растојание. Близнаците се родени во февруари годинава во Лагос, Нигерија, а нивните родители, мајката Стејси (30) и таткото Бабаџид (38) велат дека луѓето често знаат да ги прашуваат дали и двајцата синови се нивни. Бидејќи додека Даниел е копија на неговите родители, Дејвид има нежна, целосно бела кожа и коса со златна боја. Двојката има и постара ќерка, четиригодишната Демиладе, која е црномуреста како нејзините родители.

Но, науката за ваквите случаи има објаснување, а медицинските генетичари велат дека се можни две варијанти. Едната е дека малиот Дејвид е албино, а другата е од дамнешно време, во генеологијата на семејството, имало белци што ги оставиле своите гени и дека сега тие дошле до израз.

Тоа можело да биде и многу одамна, така што родителите на близнаците дури и не знаат дека во семејното стебло имаат некој белец. Меѓутоа, ако Дејвид е албино, тоа поедноставено значи дека му недостасува генот кој е одговорен за пигментацијата на кожата.

„Случаите како овој, каде едниот близнак е со темна кожа, а другиот е сосема спротивно, се многу ретки, но не и невообичаени. Секогаш може да се случи на едниот близнак да му недостасува ген што го има другиот. На крајот на краиштата, ниту еднојајчаните близнаци не се сосема исти“, велат докторите.

Близнаците, вели мајката, веќе се вистински славни лица каде и да се појават.

ФОТО: Принтскрин/Инстаграм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...