Британскиот принц Хари и негова сопруга Меган Маркл соопштија дека одлучиле да не обелоденуваат детали околу раѓањето на нивното бебе.
Кенсингтонската палата наведува во денешното соопштение, дека Хари и Меган со задоволство ќе ја споделат радосната вест по приватната семејна прослава.
Според „Дејли мејл“ пак, војвотката од Сасекс нема да се породи в болница.
Кралската двојка го очекува првото дете при крајот на април или почетокот на мај.
ФОТО: EPA / Yui Mok / POOL