Никол Кидман (52) и Том Круз (57) не се во добри односи веќе со години, а холивудската актерка вели дека нејзиниот поранешен сопруг и децата ја одбрале Скиентолошката црква наместо неа.
Кидман немала добар однос со децата и не била покрај нив додека растеле, уште од моментот кога како и нивниот татко, станала приврзаници на скиентологијата. Сега се обидува да се помири со тоа.
– Мајчинството е како патување. Има и подеми и падови, без разлика дали посвојувате дете или го раѓате. Она што му е потребно на детето е љубов. Одбраа да бидат скиентолози. Наша работа, како родители, е да им пружиме безусловна љубов – рекла Никол во интервјуто за „Сан“.
Никол од бракот со Том има две посвоени деца, Изабела (26) и Конор (24).
Минатата година се шпекулирало дека ѝ било забрането да дојде на свадбата на нивниот син Конор и неговата избраничка Силивија, која е лидерка на италијанскиот огранок на Скиентолошката црква. Со ќерката Изабела, која живее во Лондон, има минимален контакт, но без разлика на сè, Никол истакнува дека и понатаму ги сака и ги поддржува своите деца.
Кидман, која има уште две деца со вториот сопруг, музичарот Кит Урбан, верува дека научила да го прифати таквиот начин на нивниот живот.
– Не станува збор за ништо друго, освен: „Тука сум да ве сакам и да ве поддржувам“ – изјавила 52-годишната актерка.
FOTO: Instagram/Printskrin