Како што Заев најави пред неколку месеци, власта има отворено 750 случаи против членови на ВМРО-ДПМНЕ. Значи замислите Заев, премиерот на државата кој што не треба да се меша во судството и во обвинителството. Точно знае колку случаи се отворени против членови на ВМРО-ДПМНЕ. Утрово го отворија 751, затоа вчера и завчера имаа дебакл со изборот на Влада, рече Александар Николовски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.,
– 751 истрага против членови на ВМРО-ДПМНЕ е отворена затоа што власта е во тешки скандали. Ова е брутален политички напад. Со акцијата помеѓу другите лишени се од слобода членот на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Димовски, претседателот на еден од најголемите општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ, ОК Аеродром, Дејан Митевски како и други лица. Во оваа акција власта влегува со директна пресметка со членови на ВМРО-ДПМНЕ, злоупотребувајќи и обични службеници. Во акцијата покрај поранешниот министер се приведени и 6 жени кои што работат во различни институции во Република Македонија како обични службенички – обвини Николоски.
Според него, не се работи за криминал туку за толкување на управна постапка која што може да се толкува на еден или на друг начин.
– На кого ќе определуваат притвор на шест недолжни жени кои што ќе направат, ќе бегаат од државата, каде ќе одат, или ќе определат притвор на оние кои веќе се во притвор, или на претседателот на Општински комитет на ВМРО-ДПМНЕ Аеродром со цел да не може да го води ОК во Аеродром зошто на претходните претседателски избори ги прегази таму и ВМРО-ДПМНЕ победи со 3.500 илјади гласови разлика. На Златко Марин влакно не му фали на косата, ама Дејан Митевски утрово е приведен зошто бил обичен службеник во министерството за транспорт и врски – рече Николоски.