Да не беше Зоран Заев уште ќе траеше борбата за слобода и демократија. Ќе бевме заробена и изолирана држава. Ќе владееше стравот и молкот а медиумите и судството уште повеќе поклопени од режимот.
Со овие зборови генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николоски синоќа го бранеше премиерот Зоран Заев.
„Да не беше тој немаше да имаме премиер што одговара на секој, што ги слуша сите, што има трпение и храброст за секоја потреба и цел на граѓаните. Да не беше тој денес немаше да бидеме земја – светол пример, пред влез во НАТО и пред вратата на ЕУ. И кога човек е борец и успева државата да ја води напред, тогаш криминалците и непријателите ќе се здружат против напредокот. Граѓаните секогаш ќе ја изберат правдата и државата а не мафијата. Светлата иднина а не мрачното минато. Затоа ќе успееме!“, напиша Николоски на својот профил на Фејсбук.