Николоски: Гордана Силјановска ќе победи со 30.000 разлика ВИДЕО

622

За жал, на некаде месец и половина пред конечната одлука на ЕУ на сите им е јасно дека Македонија нема да добие датум за почеток на преговори со ЕУ. Затоа е потребно оваа влада час поскоро да си замине, затоа што се покажа дека во овие две години нема ни капацитет, ни волја да спроведе реформи, порача потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Тој истакна дека очекува победа на Гордана Силјановска-Давкова, со 30 илјади гласа разлика.

– Ова Влада нема капацитет затоа што нема кадри кои што ќе може да ги спроведе реформите, а нема волја затоа што овие реформи пред се треба да го зафатат Заев и најблиските околу него. Затоа што се во области кои што се најпроблематични за Заев, а тоа е јавната администрација во која што цвета непотизмот, тоа е корупцијата односно борбата со корупција која што галопирачки расте во Република Македонија пред се на луѓе блиски до Заев и на луѓе од владата. Тоа се реформите во правосудството кои што за жал не ги гледаме и сето ова на купче ставено покрај немањето капацитет и значи немање волја на реформи. И затоа е потребно оваа влада час поскоро да замине затоа што ако не замине и следната 2020 година Република Македонија ќе испушти. Затоа ги повикувам сите граѓани на Република Македонија да ја подржат Гордана Сиљановска Давкова на 5-ти мај, затоа што победата на Гордана на 5-ти мај ќе значи пад на оваа влада, брзи предвремени избори и формирање на влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ која што ќе се зафати со овие реформи, ќе ги испорача, ќе го подобри животот на граѓаните и се надевам дека на крајот на годината ќе може да имаме позитивни вести за членството на Македонија во ЕУ – истакна Николоски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...