Николовски: Ќе поднесеме кривични против 200 лица за референдумот

786

Централен Комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги потврди заклучоците донесени вчера на Извршниот комитет и тоа разрешување на јавниот обвинител и избор на нов на предлог на опозицијата, формирње на анкетна комисија за нерегуларностите на референдумот и пржинска влада доколку има избори, изјави потпретседателот на партијата Александар Николовски.

– Општински комитети да формираат изборни штабови кои ќе траат заклучно со претседателските избори. Ќе поднесеме кривична пријава до Јавното Обвинителство против повеќе од 200 лица претседатели, заменици претседатели и членови на избирачки одбори во Струга, Центар Жупа, Кичево, Желино, Боговиње, Пласница и Сарај и кривични пријави кон службено лица во МВР. На овие лица на товар им се ставаат шест кривични дела и тоа злоупотреба на службена положба и овластување, несовесно работење во службата, злоупотреба на избирачко право,изборна измама, фалсификување и повреда на тајноста на гласањето – рече Николовски.

Тој ги повика сите граѓани да се обединат во заштита на државните интереси, и да се стави крај на оваа Влада. Широко народно обединување за заштита на државата.

Николовски на новинарско прашање одговори дека на Централниот комитет немало кадровски прашања, односно дека немало разрешувања на членови на партијата.

Тој повтори дека пратеничката група ќе ја следи волјата на граѓаните и дека до овој момент нема активност пратениците да потпишуваат „заклетви“ дека нема да ги гласаат уставните амандмани.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...