Јавно уште еднаш прашуваме зошто владата не ги објави амандманите и која е целта на необјавување на амандманите, праша Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на средба со граѓани на општината Кисела Вода.
-Образложението дека ќе се сработат по одржување на референдумот не држи, образложението дека треба време исто така не држи, затоа што се работи за едноставни кратки амандмани. Можеби држи она што го кажа премиерот Заев, а тоа е дека граѓаните ќе се уплашат доколку ги видат амандманите. Ние ја повикуваме владата да ги објави, баш за да можат да ги видат граѓаните и да видат кој е тој голем страв кој што го крие владата од нив – изјави Николоски.