Во емисијата 10 минути на ТВ21, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, вечерва изјави дека премиерот Заев треба да поднесе оставка, потоа да се формира техничка влада и според уставот и законите, за 100 дена да се оди на предвремени парламентарни избори.
Како што изјави тој, причината не е само ситуацијата со датумот за старт на преговорите со ЕУ, туку и поради неможноста да се спроведат реформите и, како што нагласи, лошата економска состојба на граѓаните. Николовски вели дека очекуваат уште в понеделник Заев да поднесе оставка и да се формира техничка влада, по што би се одржале избори.