Николовски: Од изолирана држава станавме светол пример во регионот

95

Пред три години Република Северна Македонија беше изолирана држава на работ на граѓанска војна, чест ми е што заедно со вас, овие две и пол години како и во изминатите единаесет години владеење на ВМРО-ДПМНЕ достигнавме раст на економијата, од минус осум до проекции за 4,1 отсто следната година, високи оценки за економски слободи, човекови права, станавме број три туристичка дестинација во светот, а тоа е доказ дека сме на прав пат како политичка гарнитура и продолжуваме по тој пат, рече вечерва на граѓанската трибина пред своите сограѓани генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.

На трибината говореа и  потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски, Благој Бочварски, претседател на комисијата за транспорт и врски на СДСМ и градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.

Спасовски посочи дека она што им беше ветено на граѓаните во програмата на СДСМ „План за живот“ е реализирано дури и повеќе од тоа преку мерките за враќање на парите кај граѓаните.

– Го решивме проблемот со стечајците, околу 11.000 стечајци земаат надомест, ја вративме ефтината тарифа за струја, укината е радиодифузната такса, воведена е државна пензија, повеќекратно е зголемена социјалната помош, детски додаток од 35.000 деца пре дтри години, денес користат 73.000 деца, минималната плата од 8.500 денари ја покачивме на на 12.500, а од први јануари ќе биде 14.500 и до 2020 ќе порасне на 16.000 денари, Македонија е градилиште, се подобрува инфратструктурата, во моментот се градат околу 96 патни правци, а бројот на вработени лица за две и пол години изнесува 58.000 повеќе вработени луѓе, што значи, ваквата политика со поддршка во април, треба да ја продолжиме сите заедно, а Европа кон која стремиме да ја донесеме кај нас – рече Спасовски.

Николовски порача дека со зголемување на платите во администрацијата, на воспитувачките, лекарите, во повеќе сфери, со низа мерки за подобрување на условите за инвестирање, со безбедноста и стабилноста која се нуди со она што наскоро не очекува, да станеме 30-та полноправна членка на НАТО, Северна Македонија предводена од оваа генерација политичари, ќе биде место со кое генерациите ќе се гордеат и каде ќе ја градат својата Европска иднина.

Градоначалникот Мицевски рече дека пред точно две години на 24 октомври ја преземал функцијата и со чист образ може да каже пред Кривопаланчани дека покрај бројните проекти само годинава во Крива Паланка се вложени и обезбедени 250 милиони евра средтсва за  инфраструктура.

Трибината се одржа во спортската сала „Бранители 2001“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...