Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски вели дека според информациите кои ги имаат, Македонија во октомври нема да добие датум за преговори со ЕУ. Тој во интервју за Канал 5 открива дека наместо датум Брисел ќе формира тим за мониторинг.
– Најдоброто што може да очекуваме е формирање на тим од претставници на пет европски институции кои ќе ги следат состојбите во областа на владеење на правото и борба против корупцијата во период од најмалку една, а најмногу две години по што ќе се даде оценка дали земјава е подготвена за почеток на преговорите – вели Николовски.
Изјавата погледнете ја ТУКА