Николовски: И во најбелото сценарио, прашалник е дали до декември 2020 година би почнале преговорите со ЕУ

819

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, во гостувањето во емисијата „Топ тема„ на телевизија Телма вечерва откри неколку работи на македонската јавност, а во врска со датумот за отпочнување на преговори за членство на Македонија во ЕУ.

Тој тврди дека македонската Влада во месец март е информирана од страна на неколку врвни дипломати во оваа држава од земји членки на ЕУ дека нивото на реформи е ниско и дека во јуни нема да има датум за почеток на преговори, а било  кажано и да ги спуштаат очекувањата со цел „Да не се удрат во ѕид“.

– Втора работа којашто ѝ е многу добро позната на Владата и ја крие од јавноста, е дека неколку држави изработија свои извештаи за напредокот на Македонија. Тие извештаи ѝ се познати на Владата затоа што им се доставени и се многу различни од извештајот којшто како целина го изработи Европската Комисија и удри заради пријателскиот однос на тие држави во моментот на драфтирање на извештаите. Но, тие извештаи се дадени на Владата со цел да се обидат да направат подобрување во одредени сектори, имајки предвид дека подобрување нема, истакна Николовски во своето гостување.

Очекувањата на Владата, додаде Николовски, денеска дека беа дека ќе добијат 2-3 бенчмаркови коишто ќе треба да ги реализираат до октомври, за во октомври да се определи датум.

– Денес немаме ни бенчмаркови што значи дека најдоброто што може да го очекуваме во октомври е во октомври да добиеме неколку бенчмаркови за коишто ќе се даде временски период во којшто ќе требa да се реализираат, па доколку се реазлират дури тогаш да се определи датум за почеток на преговори, што значи во најбелото сценарио прашалник е дали до декември 2020 година ние можеме да очекуваме дека суштински би почнале преговорите со ЕУ- додаде Николовски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...