Николовски за роднинските вработувања: Со нетрпение чекам Антикорупциска да се изјасни за случајот на братучед ми

Тој рече и дека не може да попречи никого да конкурира каде што мисли дека треба и ги повика институциите да реагираат и да ги разјаснат состојбите.

294

Не сум влијаел ниту сум вработил некого за да барам некој нешто да направи, изјави денеска министерот за земјоделство Љубчо Николовски во врска со вработувањето на негов братучед во М-нав.

– Не сум вработил член на моето потесно семејство во државни фирми, а не сум влијаел да се вработи и мојот братучед во М-нав. И порано кажав и сега го кажувам истото тука нема судир на интереси. Тој е квалитетен кадар кој се образувал во Јапонија и Словенија и е соодветен за работното место за кое конкурирал, спротивно на она што се случувало во претходниот период таму кога беа вработувани несоодветни кадри– рече Николовски.

Тој рече и дека не може да попречи никого да конкурира каде што мисли дека треба и ги повика институциите да реагираат и да ги разјаснат состојбите.

– Со нетрпение ја очекувам одлуката на Антикорупциската комисија за овој случај и за унапредувањето на сопругот на пратеничката Мира Стојчевска во командир на шумската полиција во Делчево – рече Николовски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...