Поранешниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, а сега генерален секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, објави дека ги донирал сите дневници во неговиот мандат за хуматирани цели и ги повика останатите функционери да бидат пример.
„Сите дневници во мојот мандат како министер ги донирав во хумани цели. Очекувам дека избраните функционери ќе бидат пример кога се на позиција. Уште повеќе, се откажав од функцијата и од сите привилегии. За да граѓаните се пред сите нас. Затоа сум за кратење на бенефиции на избраните и именувани лица. Со пример да покажеме!“, објави Николовски.