Нашата цел е да ја приспособиме целата постоечка урбана и рурална инфраструктура да биде во функција на потребите на граѓаните. Реализираме планови и проекти, ивестираме одговорно, квалитетно и домаќински, за секој граѓанин да добие решение кое ќе му го подобри животот во неговата населба или населено место, рече на прес конференција Ристо Николески во презентацијатана дел од предизборната програма на кандидатот за градоначалник Константин Георгиески.
– Планираме да поведеме сериозна иницијатива за решавање на долгогодишниот проблем со водоснабдувањето на градот Охрид и населените места од поранешната општина Косел, со изградба на нов водоснабдителен систем кој ќе ја користи водата од изворот Дувло во атарот на село Свиништа. Проектот за изградба на новиот водоснабдителен систем е изготвен и истиот е предвиден во Развојната програма за изградба на системи за водоснабдување. Со овој проект ќе се обезбеди организирано водоснабдување со зафаќање на Свинишките извори со доводен гравитационен цевковод во должина од 21 километар. Проектот предвидува и изградба на прекидна комора, приклучни шахти за нaселените места, хлоринаторка станица и други придружни објекти. Со овој проект се очекува во Охрид да доаѓаат околу 150-200 литри гравитациона вода во секунда – објасни Николески.
Тој додаде дека ќе вложуваат во системи за водоснабдување и одведување на отпадни води во урбаната зона и селските средини.
– Работиме посветено за да овозможиме посовремено туристичко и урбано живеење во Охрид, со зачувување на природните, културните и духовните богатства. Нашата визија е да обезбедиме подобри услови за развој кои ќе донесат посигурна иднина за сегашните и идни генерации во нашиот Охрид. На 21-ви април да излеземе и да гласаме за нашиот кандидат за градоначалник Константин Георгиески – порача Николески.