Децата треба да бидат наша најголема грижа, затоа посветено и одговорно работиме на проекти за подобрување на условите за згрижување и воспитување на децата од предучилишна возраст, порача професорот Ристо Николески, кој презентираше дел од предизборната програма на кандидатот за градоначалник Константин Георгиески.
– Веќе се преземени конкретни активности за подобрување на условите во објектите на градинката „Јасна Ристеска”, за решавање на проблемот со недостатокот на стручен кадар, набавка на нова опрема и нови детски реквизити. Во текот на изминатиот период во соработка со Бирото за регионален развој и Центарот за развој на Југозападниот плански регион извршивме промена на покривната конструкција во објектот „Равигорче”, а во наредниот период планирана е и замена на целокуната електрична инсталација во овој објект. Преку Јавниот повик за финансирање на проекти од областа на одржливиот локален развој беше извршена и реконструкција на детското игралишпте во дворот на објектот „Росица” – додаде Николески.
Се работи на проект за изградба на нова градинка на просторот кај постоечката „Централна градинка” со што ќе се зголеми капацитетот на градинката и ќе се реши долгогодишпниот проблем со преголемиот број на деца во групите и долгите листи на чекање за упис. Исто така во наредниот период се предвидува и реконструкција на покривите во објектите „Лихнида” и „Росица”, а планирано е и подобрување на квалитетот на инвентарот во сите објекти од градинката.
– Со цел да се подобрат условите за рекреација на најмладите во општината, планирана е реконструкција на детските игралипта во дворовите на сите објекти од градинката и веќе постоечките детски игралишта во сите населби. Исто така се предвидува и изградба на нови детски игралишта во населбите „Радојца Новичиќ” и „Воска” како и во неколку станбени комплекси во Охрид. Ние ги разбираме приоритетните потреби на заедницата, ги слушаме барањата на родителите и континуирано работиме на подобрување на условите за живеење на сите категории на граѓани! Дел од нашите противкадидати во својата предизборна програма, нудат виртуелни проекти со невозможни датуми за реализација, но ние сме различни и ветуваме реални и остварливи проекти – вели Николески и порача дека граѓаните на 21-ви април да излезат да гласаат за нашиот Константин Георгиески.
– Да го заокружиме бројот 7 за подобра иднина на нашиот град! Заедно Напред, За Охрид! – порача Николески.