Николас Кејџ се разведува по само три дена брак! ВИДЕО

Откако го изговори судбоносното „да“ (по третпат), пред три дена, сега поднесе барање за поништување на бракот.

673

Николас Кејџ се најде на насловните страници на таблоидите поради начинот на кој ја вадеше дозволата за венчавање во Лас Вегас – прво го факаше апаратот за дозволата, а потоа избезумено повторуваше „нема да се венчам, ќе ми ги земе сите пари, нејзиното поранешно момче е нарко-дилер“.

Истата вечер, сепак, го изговори судбоносното „да“ (по третпат), а „среќната невеста“ е Ерика Коике, убавицата со која Кејџ е во врска само неколку месеци.

Ерика безуспешно се обидувала да го смири повторувајќи: „Душо, јас не побарав од тебе ова да го направиме.“

Вработените го одвеле во канцеларијата и таму ја решиле ситуацијата, а неколку минути подоцна Николас и Ерика излегле со дозволата.

Неколку дена брачна „среќа“ и веќе е поднесено барањето за поништување на бракот!

Николас Кејџ го поднел барањето „бидејќи бил премногу пијан за да знае што прави“.

Барањето го поднел во судот во Лас Вегас и во него стои дека „подносителот на барањето бил во таква состојба така што не знаел што прави“. Во барањето стои и дека „господин Кејџ не знаел дали личноста со која се венчава има криминално минато“ и дека затоа најдобро би било овој брак да се поништи.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...