Николас Кејџ се разведе по четири дена брак, а сега се појави запуштен, непрепознатлив! ФОТО

Некогашниот голем шармер, сега изгледал запуштено и нечисто.

1956

Николас Кејџ (55) на премиерата на својот нов филм „Running with the Devil“ во Лос Анџелес бил речиси непрепознатлив. На црвениот тепих се појави обраснат со брада, со седа коса собрана во коњски опаш и со голем шешир, во стилот на Индијана Џонс.

Некогашниот голем шармер, сега изгледал запуштено и нечисто.

Актерот пристигнал со синот Вестон, кого го доби по кусата врска со Кристина Фултон во 1988 година.

Контроверзниот актер на почетокот на годината четири дена беше во брак со четвртата сопруга Ерика Коике. Кога се разведуваше изјави дека бил премногу пијан и дека Ерика не му кажала ништо за нејзиното криминално минато.

По овој личен дебакл реши да се посвети на работата. Во меѓувреме направи уште неколку неверојатни потфати.

Купи погребни пирамиди, потоа милионски череп од диносаурус, како и 11 мултимилионски имоти низ целиот свет. Беше еден од главните актери во 90 тите, но и сега не престанува да трши прекумерно. Така, на даночниците им остана должен за 13 милиони долари, а банкротот го избегна откако вработи финансиски менаџер и распродаде голем дел од имотите низ светот.

Беше во брак со својата прва сопруга Патриша Аркет од 1995 до 2001 година. Потоа се ожени со Лиза Мари Присли, ќерка на легендарниот Елвис Присли, чиј обожавател е, а во 2002 година се разведе од неа по три месеци брак.

Се запознал со келнерката Алис Ким во бар каде што работела и со неа го има синот Кал-Ел . Во брак со Алис беше од 2004 до 2016 година.

 

ФОТО: Инстаграм/Принтскрин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...