Николас Кејџ ја однел новата девојка на рандеву на гробишта да ја види неговата гробница! ФОТО+ВИДЕО

Инаку, Кејџ е познат по опсесијата кон купувањето бизарни и екстравагантни работи.

2024

Холивудскиот актер Николас Кејџ (56) неодамна беше „уловен“ од страна на папараците на аеродромот во Њујорк со својата девојка Рико Шибата, а во саботата рака за рака се појавиле во Њу Орлеанс.

Двојката имала усогласени кожни стајлинзи, па дури и ѓердани.

„Тие повеќе личат на татко и ќерка“, „Изгледа има 15 години“, „Овие млади девојки ли ги наоѓа во Тајланд?“, се дел од коментарите на корисниците на социјалните мрежи, пишува „Дејли мејл“.

Инаку, уште поголемо внимание привлече и местото на кое Кејџ ја однел новата девојка.

Кејџ ја однел Рико Шибата во обиколка на неговата гробница во форма на пирамида, која ја купи во 2010 година.

– Запре автомобил со приватен возач и тие заедно влегоа на гробиштата. Тие беа внатре 15 минути и излегоа надвор. Николас им мавташе на сите – раскажал очевидец. Николас доживеа распад на бракот минатата година во рекордно време.

Инаку, Кејџ е познат по опсесијата кон купувањето бизарни и екстравагантни работи.

 

 Foto: Wikipedia/Geraldshields11

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...