Никогаш не сме зеле ниту грам од делот на пчелите!

Дичо и Цвета Димковски се пензионери и органски производители на мед кои никогаш, велат, не зеле ниту грам од она што им припаѓа на пчелите. Техниката е поинаква од онаа на пчеларката Атиџе од филмот „Медена земја“, но суштината е иста.

1116

Брачната двојка Димковски се битолчани кои пред две децении решиле да си обезбедат место кадешто ќе можат да побегнат на чист воздух во слободните денови, но и место за своите пчели кои првин почнале да ги чуваат за да имаат мед за себе и за семејството, а откако се пензионирале, и посериозно, за себе, но и за продажба.

Иако со пчеларство почнале да се занимаваат уште во 1998.година, органски мед почнале да прават во 2007.

Местото кадешто можат да дишат со полн капацитет чист планински воздух, но и кадешто нашле здрава средина за своите пчели, е селото Дихово. Нивниот пчеларник е веднаш до оној на нашиот стар познајник, Нацо Јовчевски, инаку, како што со гордост вели Дичо – негов ученик.

Го прашавме дали го гледале филмот „Медена земја“ и дали и тој го прави она што го правеше Атиџе во филмот, пола им остава на пчелите, а пола зема за себе.

Целиот текст прочитајте го на порталот „Арт кујна“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...