Садет успеа да ја најде патничката на која ѝ помогнал да преживее под автобусот кој се преврте кај Ласкарци. Само да биде жива Јасмина – била неговата најголема желба, напиша на Фејсбук актуелниот министер за здравство Венко Филипче.
Министерот сподели со јавноста дека господинот Садет неколку денови безуспешно барал информации низ болничите ходиници, а всушност не ѝ го знаел ниту името на жената која ја спасил. Поради тоа, Садет преку медумите побарал од министерот да му помогне да ја пронајде.
Во Градската општа болница „8 Септември“, Садет со помошта од министерот Филипче ја пронајде Јасмина.
– Бев сведок на емотивен момент на кој што млада девојка се најде лице в лице со човек што ѝ го спасил животот. Се надевам дека никогаш повеќе нема да ни се случи ваква трагедија, продолжуваме со битка за секој живот. Ти благодарам Садет на твојата посветеност, ти си вистински херој!- напиша министерот за здравство Венко Филипче.