Некогаш била личност која не ја поддржувале и ја навредувале, а денес е некој кој се впишал во историјата станувајќи првата жена која во иста година освоила четири престижни награди.
Пејачката Леди Гага сега е официјално првата жена која освоила Оскар, Греми, БАФТА и Златен глобус во една година. Меѓутоа, нејзиниот талент не бил отсекогаш почитуван. Напротив, како студентка била цел на злоставување на своите колеги кои пред десетина години направиле група.
„Стефани Германота, никогаш нема да бидеш позната“, е името на групата на Фејсбук која ја направиле колегите кои ја мразеле Леди Гага на факултетот. Стефани Германота е вистинското име на пејачката со кое се претставувала пред да стане Леди Гага. Нејзините фановите деновиве фотографијата од групата на Фејсбук ја споделиле на Твитер, а веднаш покрај неа ја ставиле и фотографијата на која Гага го држи Оскарот во рацете.
Театралната и самоуверена Стефани уште како студентка била етикетирана како „к…а која сака внимание“ и „уметница без покритие“. Суровите колеги направиле група во која ја навредувале и оцрнувале со намера да ѝ стават до знаење дека никогаш нема да успее.
Во коментарите имало и прашање: „Која мисли дека таа е?“. Исто така, еден студент објавил флаер за една од нејзините претстојни свирки во еден локален селски бар, а со флаерот сакал да го оцрни нејзиното име.
Имено, Гага како студентка настапувала во помали клубови во Њујорк и лепела флаери каде што ќе стигнела за да ги повика луѓето да ја слушаат нејзината музика.
Освен овие туртури на факултет, во неа не верувале ни потоа. Имено, нејзиното поранешно момче ѝ рекло дека никогаш нема да биде номинирана за наградата „Греми“, дека никогаш нема да издаде песна која ќе биде хит и да се надева само на пропаст. Гага на тоа му рекла, дека еден ден, кога нема да бидат заедно, тој нема да може да порача ниту една шолја кафе, а да не слушне за неа.
Леди Гага неколкупати истакнала дека во текот на кариерата ѝ зборувале дека не може да го прави тоа и дека таа не е за тоа, но пејачката била упорна и затоа е денес тука каде што е.