Никовски во „Само вистина“: Композитно име значи бришење на македонскиот идентитет ВИДЕО

2168

При евентуално композитно име со терминот Македонија, на пример Горна Македонија, ние повеќе нема да бидеме Македонци туку, според примерот, Горномакедонци, рече поранешниот амбасадор Ристо Никовски во денешното издание на „Само вистина“ на Канал 5. Според него, Македонија нема да има право на кратко име како што имаат другите земји.

Од друга страна, неговиот соговорник, новинарот Зоран Иванов е убеден дека имаме одговорни политичари кои и самите не би прифатиле решение што ќе значи бришење на македонскиот идентитет.

– Географска одредница е во игра во последниве 15 години и е прифатена и тука и во Грција и во меѓународната заедница, беше прифатена и од претходната влада. Тоа не го загрозува во идентитетот – рече Иванов.

Тие вечерва ги вкрстија своите ставови и дебатираа дали името на државата е поврзано со идентитетот, како и за денешните изјави на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас за опцијата што ја утврдиле како можно решение на спорот за името доколку таа биде прифатена во македонската и грчката јавност и кај релевантните политички чинители во двете земји.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...