Никнаа првите растенија на Месечината, за почеток памучни

255
ФОТО: МИА

На темната страна на Месечината никнаа растенијата засадени овој месец од кинеската сонда Чанг Е-4, што е прв таков случај во историјата на човештвото, соопшти Кинеската национална вселенска агенција.

– Ова се добри вести. Овој успех укажува дека можеби во иднина нема да има големи проблеми за астронаутите да одгледуваат свои посеви во контролирани услови на Месечината – изјави австралискиот астроном Фред Вотсон.

Растенија се претходно успешно засадени на Меѓународната вселенска станица, но тоа е првпат на површината на Месечината. Тоа би значело дека астронаутите ќе можат да „произведуваат“ храна и на нашиот природен сателит, но и каде било во Вселената.

Кинеските државни медиуми објавија дека се работи за памучно семе.

(ФОТО МИА)

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...