Пратеничката од ЛДП, Никица Корубин, обелодени дека од утре, понеделеник 17.12.2108 година, ќе продолжи да делува во Собранието на РМ како независен пратеник.
Таа објави дека во иднина ќе делува како фракција во партијата ЛДП, чиј член е.
– Утре ќе го известам Претседателот на Собранието на Република Македонија за одлуката. Во рамките на ЛДП ќе делувам како фракција. Ако сакаме демократија во општеството, мора да имаме демократија во политичката партија – соопшти Корубин.