Шест пати повисоко во однос на августовскиот просек е нивото на реката Треска кај Македонски Брод, а тројно зголемени се Вардар кај Зајчев Рид, Црна кај Новаци и Пчиња кај Катлановска Бања, покажуваат денешните хидролошки мерења.
Двојно покачување, пак, бележи Вардар кај Јегуновце, Велес и Демир Капија.
Нивото на Охридско Езеро е четири сантиметри под дозволениот максимален водостој, а на Дојранското еден сантиметар над договорениот максимален водостој.