Нивото на реките засега намалено, езерата на просечно ниво

48

Намалено ниво на реките во државава со просекот за мај, покажуваат денешните хидролошки мерења.

Според УХМР,  двојно пониско е нивото на реката Лепенец кај Скопје, на Треска кај Македонски Брод и на Крива Река кај Крива Паланка.

Единствено на исто ниво е водостојот на реката Бабуна кај Богомила.

Нивоата на Охридското, Преспанското и Дојранското езеро се речиси идентични со просекот за мај.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...